[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: mihaildz
Forum Index » Profile for mihaildz » Messages posted by mihaildz
Author Message
Би било убаво кога би можеле и Вие да повикате учесници на натпреварите според активноста и успешноста на ученикот во решавањето на задачите на вашиот сајт. Вака, учеството на натпреварите зависи единствено од заинтересираноста на наставниците во училиштата. Без оглед дали некој ученик е заинтересиран да земе учество, без оглед дали е навлезен во информатиката повеќе од другите или едноставно сака да си го провери знаењето во областа на програмирањето, сето тоа е оставено единствено на добрата волја на наставниците. Во мојот град, за жал, нема ваква заинтересираност. Можеби треба да се потрудите и да го направите помасовно и на пониски нивоа, како што е математиката на пример. Да се организираат училишни па општински па регионални па државен натпревар. Има деца кои сакаат да земат учество во овие натпревари но едноставно немаат таква можност. Можете барем да организирате работилници и школи во време на летен или зимски распуст кога би имало поголема посетеност. Поздрав!
MOI wrote:
mihaildz wrote:Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.

Претпоставувам дека датумот е така одбран поради цената (ако се организира во време на распуст, веројатно ќе биде поскапо сместувањето).


Мислам дека поверојатно е терминот да е овој заради испитната сесија. Во секој случај, не знам кој ќе учествува ако не бидат ослободени од настава. Дали сами ќе треба децата да бараат од училиштето или ќе бидат ослободени по наредба од министерството не ми е баш јасно. Сепак, тешко да им дозволи некој на децата да отсуствуваат цела недела од настава.
Зарем не може да се одржи оваа Зимска школа за време на распустот? Вака ќе имаат цела недела отсуство од училишна настава.
Здраво,
на толку прашања, изгледа го испуштив најважното:
Дали е зимската школа за време на зимскиот распуст или во време кога е веќе почнато второто полугодие?
Ви благодарам на одговорите.
Како ќе не контактирате во врска со превозот, до колку организирате превоз од Битола до Молика и дали сигурно ќе организирате или ќе мора да доаѓаме со автомобил? До колку часот, кој ден треба да бидат децата во Битола? Каде треба да го потврдат учеството? Треба да се плати однапред? Дали може да се плати на сметка или само во готово?
Поздрав,
Михаил.
Ви благодарам на одговорот. Ми беа потребни одговорите бидејќи има рок до крајот на следната недела за пријавување.
Здраво, јас сум родител на средношколец кој сака да учествува во оваа Зимска школа за информатика па би сакал да поставам неколку прашања за школата во Битола. Дали е потребно некое предзнаење за учество во зимската школа? Дали е потребно носење на некоја опрема, лаптоп или друго? Дали ќе има човек задолжен за децата т.е. да не бидат оставени сами на себе. Дали организирано ќе одат в град или не е планирано одење в град. Колкав дел од денот ќе имаат за работа, учење а колкав за слободни активности? Дали е организирано скијањето и возењето со ски лифтовите? Дали има превоз до и од Молика или треба ние да го донесеме и земеме детето?
Ви благодарам.
 
Forum Index » Profile for mihaildz » Messages posted by mihaildz
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team