[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Messages posted by: hristijan
Forum Index » Profile for hristijan » Messages posted by hristijan
Author Message
Јован WTF!!
За скокањето на коњите, направи две низи вака
int dx[8]={2,2,1,1,-1,-1,-2,-2};
int dy[8]={1,-1,2,-2,2,-2,1,-1};
Откако ќе ги направиш овие низи, можеш со еден for до 8 да го направиш тоа што сега го правиш со 8 if-а, шансите да згрешиш нешто таму ти се помали, плус пократок ќе ти биде кодот. Вака многу ти е долг кодот за некој да седне и да ти го дебагира.
Имаш оцени
Ти имаш искуцано споро BFS? Може да го пратиш да го видиме?
Не постои начин. Ако бројот ти е 0, може да ти биде со која било основа
Не мораш да размислуваш колку можни распределби на таблата постојат, мали се ограничувањата и така поминува и не мора да ја транформираш табелата во теме, и без тоа поминува на меморија ако користиш bitset
Можеш и да пишеш на која задача се случи ова, на кој натпревар била и да ставиш код или нешто, вака не гледам како некој може да ти помогне... Сигурен си дека задачата имала full feedback?
Имаш направено фајл gift1.in во кој го имаш ставено примерот?
http://hi.baidu.com/pwecar/blog/item/18a179d6da802ccf50da4b36.html
Ти пратив приватна порака.
Браво Јован, подобро од мене објаснуваш
Има решение со сложеност O(N) и со O(N*lg(N)). О(N) решението е динамичко, моето е 2 димензионално, [N][3]. Другото е барање на најголема неопаѓачка подниза, што се прави во O(N*lg(N)) со бинарно пребарување. Ако добро памтам во двата случаи треба да почнеш и од напред и од назад. Ако не успееш, пиши пак, ќе објаснам подобро, не сакам сега затоа што може сакаш да се помачиш уште малце.
Не ја сфакаш добро. Имаш низа 1,2,2,3,3,3,4,4,4,4... и ти се бара збирот на елементите од индех i до индех ј. (А не збирот на сите броеви во низата што се помеѓу a и b) Значи во првиот тест случај од индех 1 до индех 3, тоа ти е 1+2+2, а во вториот тест случај имаш 50 50, значи почнуваш со 50 индех и завршуваш со него (само тој елемент го собираш).
Дали ќе може да ни кажете од каде беа земени задачите за последниот натпревар? Бојан рече дека биле од познати натпревари и не беше сигурен дека смее да ги објави, па ни рече тие што ги сакаат да ги побараат и јас одма после тоа му напишав приватна порака за да ми каже од каде се земени и уште чекам одговор..
Се согласувам со сите работи (посебно со 3-тата работа, добро би било да се знае уште од почеток колку натпревари ќе има и кој колку ќе вреди). освен со последната.. Не може ученик кој има освоени повеќе поени, и знае повеќе од друг ученик, да не оди на државен натпревар само затоа што од тоа училиште веќе има "доволен" број на ученици, бидејќи има училишта кои се концентрираат повеќе на натпреварите од другите училишта. На пример Јахја Кемал (го земам за пример моето училиште затоа што најмногу знам како одат работите во него) уште на почеток ги собира тие ученици кои покажале добри резултати на натпреварите со тоа што им дава стипендии, и за тие да си ја задржат стипендијата мора да учествуваат на натпревари, значи дека тие имаат причина плус зошто да учествуваат и да постигнат добри резултати. Плус школото плаќа професор кој ни држи часови (ВАСЈАAAA ) и скоро сите професори не бодрат да учиме повеќе за натпреварите. И нормално е после тоа да има повеќе учесници од Јахја Кемал отколку од училиште каде што никој не ги спрема учениците и каде што приоритет се други работи, не одењето на натпревари. Плус тоа во гимназиите учениците имаат повеќе часови информатика отколку да речеме во музичко (не сум сигурен дека е така ама претпоставувам). Може да направите да биде како на математика што е, директно на државниот да влегуваат сите учесници кои се први во некоја општина, а покрај тоа да влегуваат и првите 15, да речеме, ученици кои ќе бидат први во севкупната листа а не влегле директно на државниот натпревар. A после тоа на олимпијада да бида како што беше оваа година, да одат учениците кои ќе си заслужат. Вака, натпреварот во Јахја Кемал, за да се влезе на државниот натпревар, ќе биде потежок од натпреварот за да се влезе на олимпијада.
 
Forum Index » Profile for hristijan » Messages posted by hristijan
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team