Author |
Message |
|
vasja wrote:Ke ja postavite prekinuvaci vo trening delot?
Поставени се задачите (http://mendo.mk/jforum/posts/list/94.page).
|
|
|
tStojkovski wrote:Дали ќе може задачите да се постават во тренинг секцијата? Благодарам
Средено. Додадени се задачите од овој натпревар и од двата завршени електронски натпревари.
|
|
|
mariomako wrote:Здраво, испратив 2 неточни решенија и едно точно со сите 100 поени. И кога одам во решенија ми вели Сеуште немате испратени решенија...
Зошто е тоа така?
Поздрав
Како знаеш дека ќе имаш 100 поени?
|
|
|
tStojkovski wrote:Колку задачи ќе има?
Три или четири
|
|
|
Може да се ограничи со:
Инаку, ако прашањево има врска со електронскиот натпревар кој е во тек, тогаш:
1) нема потреба на овој начин да ги ограничуваш променливите (секогаш ќе бидат во границите како што е дефинирано во текстот на задачата)
2) не треба да бараш помош се додека не заврши натпреварот
|
|
|
mariomako wrote:Здраво, денеска неможам да го вклучам сајтот mendo.mk Зошто? Премногу е споро со Гугл хром не го вклучува а со Мозила го вклучува но многу споро.
Поздрав
Ќе провериме.
|
|
|
Натпреварот е закажан за 05.03.2011 во 19:00.
|
|
|
bedzo wrote:А во 19:00 во недела?
obi1kenobi кажа дека не му одговара тој термин.
|
|
|
bedzo wrote:Прочитав.. Се е супер, но мислам дека треба да направите и првото место/а од почетничка да одат на олимпијада.
Оние кои што сметаат дека можат да решаваат задачи од МОИ треба да одберат основна или напредна група. Во правилата пишува дека почетничка група се "ученици кои за прв пат учествуваат на натпреварите, сеуште имаат мали познавања од програмирање и се основно училиште или прва или втора година средно училиште".
Можеш да направиш споредба на задачите од регионален или државен натпревар за почетничка група (објавени во делот тренинг) со задачите од МОИ, ќе видиш дека има голема разлика.
Глорија wrote:А нели може ние од почетничка да учествуваме на државен и сл?
Според објавената агенда, регионалниот и државниот натпревар за почетничка група ќе се одржуваат во термини различни од термините на регионалниот и државниот натпревар за основна и напредна група.
Значи, ќе има државен натпревар, но тој ќе се одржи во посебен термин (календарот е објавен на почетната страница на системот, еве и директен линк). Освен терминот, нема некои поголеми промени во однос на минатиот циклус - секоја група (почетничка, основна, напредна) се натпреварува независно (различни задачи и рангирање).
|
|
|
Во делот вики објавивме еден документ (линк тука) кој би требало да претставува еден вид водич во натпреварите за оние кои што првпат ќе дојдат на системот.
Па, пред да објавам линк до документот на почетната страница на системот, би ве замолил за вашето мислење за содржината на документот (дали ви се допаѓа или не, што мислите дека треба да се додаде/избрише/промени).
|
|
|
Кој термин ќе се договорите во тој ќе го направиме натпреварот.
|
|
|
Тогаш, најдобро е натпреварот да биде на 06.03.2011 во 18:00.
Има некои забелешки за тој термин?
|
|
|
@bedzo: ти избришав дел од последната порака бидејќи содржи коментар за задачи од натпревар кој сеуште трае. Инаку, го променив и делот на кој (мислам) алудираше. Кога ќе заврши натпреварот ќе ти го вратам мислењето како што беше (од логовите) - па ќе ги коментираме задачите.
Сега засега (ова важи за сите), ако имате коментар или прашање за задачите можете да го користите линкот "Постави прашање?" кај соодветниот натпревар.
|
|
|
FREEZX wrote:Дали и оваа година ќе бидат доделени стипендии на најуспешните на државниот натпревар кои се четврта година?
Во преговори сме со факултетот, но имајќи предвид дека веќе неколку години наназад има стипендии - голема е веројатноста дека ќе има и оваа.
|
|
|
MarioTalevski wrote:Ме интересираше има некој тука шо ги решава задачите во Јава?
Според правилата за натпревари дозволени јазици се само Паскал, C и C++, бидејќи тоа се јазиците кои се стандардни за Светската и Балканската Олимпијада по информатика.
Од следниот натпревар (првиот официјален), нема да може да се испраќаат решенија во Јава.
|
|
|