Собирање

Мендо ги учи малите мечиња да собираат броеви. Како што сите програмери што сакаат да учествуваат на државниот натпревар добро знаат, собирањето на два броја се изведува од десно на лево – цифра по цифра. Малите мечиња имаат голем проблем со концептот на пренос/паметење на цифра – при собирање на 2 цифри на одредена позиција може да се случи збирот да е поголем од 10 – во тој случај, ја пренесуваме позначајната цифра од резултатот на следната позиција.

Помогнете му на Мендо, и за два цели броја A и B, пресметајте колку вакви операции на пренесување на цифра треба да се направат за да се соберат A и B. Така, Мендо ќе може да ја пресмета тежината на задачата која им ја дава на малите мечиња.



Влез

Во првата линија се запишани два цели броја A и B (1 <= A, B <= 10000000).



Излез

Излезот се состои од бројот на пренесувања на цифра при собирање на броевите A и B.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
555 555
излез
3


влез
35 584


излез
1


 Submit your code