Одземање

Откако ги научил да собираат броеви, сега Мендо ги учи малите мечиња да одземаат броеви – и тоа големи броеви (до 100 цифри).

Конкретно, Мендо им ја дал на мечињата следнава задача: "За даден цел број N, пресметајте ја разликата помеѓу најголемиот и најмалиот цел број кои можат да се формираат од цифрите на N".

Помогнете му на Мендо, кој е премногу зафатен со организацијата на Државниот натпревар, и за даден број N, пресметајте ја бараната разлика. Така, Мендо ќе може да провери дали мечињата навистина ја решиле точно задачата.



Влез

Во првата и единствена линија е запишан еден позитивен цел број N (со не повеќе од 100 цифри). N нема да почнува со нула.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја бараната разлика. Резултатот не смее да содржи воведни нули, освен доколку самиот резултат не е 0 (на пример, не смее да отпечатите 0005 ако резултатот е 5). Доколку резултатот е 0, отпечатете само една 0 (не 00...0).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2501
излез
5085


Објаснување: 5210 – 0125 = 5210 – 125 = 5085.



 Submit your code