Степени

Да ја разгледаме бесконечната низа од цифри добиена со испишување на последователните степени на бројот 10, почнувајќи од 1. Еве го почетокот на низата: 110100100010000....

Напишете програма која ќе отпечати кои цифри се наоѓаат на N-тата и (N+1)-вата позиција во низата.



Влез

Во првиот и единствен ред е запишан целиот број N (1 <= N <= 10 000).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој се отпечатени цифрите кои се наоѓаат на N-тата и (N+1)-вата позиција во низата, одделени со едно празно место.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7
излез
1 0


Обjаснување: На позиција 7 и 8 во низата добиена со испишување на степените на бројот 10 се наоѓаат цифрите 1 и 0 (110100100010000...).



 Submit your code