Страница

Трпе сака да види одредена страница на телетекст. За жал, Трпе често го користи далечинскиот управувач, па успеал да расипе неколку копчиња. Но, добил и генијална идеја.

Доколку не може едноставно да го искуца точниот број на страницата, Трпе ќе искуца некој друг број и со помош на копчињата '+' и '-' (кои за големо чудо не се расипани) ќе дојде до бараната страница. Копчето '+' го зголемува бројот на страницата за 1, а копчето '-' го намалува бројот за 1. На почеток, Трпе се наоѓа на страница 100 и сака да стигне до страницата P.

Напишете програма која за дадена страница P и листа на расипани копчиња, ќе го врати најмалиот број на пристискања на копчињата кои се потребни за да Трпе стигне до бараната страница.



Влез

Првиот ред содржи два цели броја P и N (100 <= P <= 99 999, 0 <= N <= 10), бројот на страницата и бројот на расипани копчиња. Во втората линија се наоѓаат N различни цифри, кои ги означуваат расипаните копчиња.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба го отпечатите минималниот број на притискања на копчињата, потребни за Трпе да стигне до бараната страница.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5457 3
6 7 8
излез
6


Објаснување: Постојат двa начина на кој можеме да стигнеме до страницата 5457 во минимален број на чекори: "5455++" и "5459--".



 Submit your code