Овци

Трпе во својот двор има стадо од овци оградени со бодликава жица. Една вечер, додека Трпе спиел како топ, во оградениот простор влегле неколку волци и ги нападнале овците.

Дворот на Трпе е во форма на правоаголник и се состои од полиња правилно подредени во редови и колони. Знакот '.' (точка) означува празно поле, знакот '#' означува ограда, знакот 'o' означува овца, а знакот 'v' означува волк. Две полиња припаѓаат на ист ограден простор ако од едното до другото поле можеме да дојдеме преку пат кој не содржи ограда и кој се состои само од хоризонтални и вертикални поместувања.

За среќа, Трпе ги носел овците на часови по боречки вештини, па тие можат да се одбранат и со заеднички сили до смрт да ги изгризаат волците, но само ако во оградениот простор во кој се наоѓаат се строго побројни од волците (инаку, волците ќе ги изедат сите овци). На почеток, сите овци и сите волци се наоѓаат во оградениот простор на дворот на Трпе.

Ваша задача е да напишете програма која ќе одреди колку овци и волци ќе ја преживеат оваа крвава ноќ.



Влез

Во првиот ред се наоѓаат два цели броја R и S (3<=R,S<=250), бројот на редови и колони од кои е составен дворот на Трпе. Во секој од следните R редови се наоѓаат по S знаци кои го претставуваат изгледот на дворот (т.е., позицијата на овците, волците и оградата).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бројот на овци и волци кои ќе ја преживеат оваа крвава ноќ (броевите треба да бидат одделени со една празно место).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
8 8
.######.
#..o...#
#.####.#
#.#v.#.#
#.#.o#o#
#o.##..#
#.v..v.#
.######.
излез
3 1


Објаснување: Имаме два оградени простори: во првиот се наоѓаат три овци и два волци, додека во вториот се наоѓаат еден волк и една овца.



 Submit your code