Плата

Легионерот Петар зема плата во златници. Бидејќи е исклучително млад витез, Петар досега има земено само три плати. Сепак, иако е многу млад, Петар е многу храбар, па Цезар сакајќи да го мотивира, систематски му ја зголемува платата секој месец.

Ваша задача е да му помогнете на Петар да предвиди колкава ќе му биде следната (четвртата) плата. Петар очекува зголемувањето на платата да биде со ист раст како до сега - целобројна аритметичка прогресија (ако првата плата е A, секоја следна е за x поголема од претходната: A, A+x, A+2*x, A+3*x, ... - x е цел број) или целобројна геометриска прогресија (ако првата плата е A, секоја следна е x пати поголема од претходната: A, A*x, A*x*x, A*x*x*x, ... - x е цел број).



Влез

Во првата и единствена линија се дадени 3 цели броеви P1, P2, P3 (1 <= P1 < P2 < P3 <= 5000), кои ги означуваат вредностите на првите плати кои ги земал Петар (нормално, изразени во златници).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите предвидениот број на златници (за следната плата). За податоците во тест случаите, секогаш ќе постои решение и тоа ќе биде еднозначно определено.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 2 3
излез
4


влез
3 6 12


излез
24


 Submit your code