Фудбал
Во националните лиги во фудбал, победникот на еден натпревар освојува 3 поени, додека поразениот не освојува поени. Во случај на нерешен резултат, на двата тима им се доделуваат по 1 поен.
Напишете програма која од стандарден влез ќе прочита информации за победите, нерешените резултати и поразите на N екипи, и на стандарден излез ќе го отпечати максималниот број на поени кои ги освоила една екипа.
Влез
Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 100000), кој го означува бројот на екипи. Во секој од следните N редови се запишани по 3 цели броја Wi, Di, Li (0 <= Wi, Di, Li <= 100000), кои означуваат колку победи, нерешени и порази имала i-тата екипа во текот на сезоната.
Излез
На стандарден излез отпечатете го максималниот број на поени кои ги освоила една од N-те екипи.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 3 4 0 1 2 0 2 0 1 4 | излез 12 |