Спојување

Бојан и Марија се предавачи на најпопуларниот факултет за информатика во Македонија - Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје. Денес, тие го пополнуваат своето слободно време играјќи една интересна игра. Имено, за дадени N цели позитивни броеви, секој од нив се обидува, со спојување на N-те броеви, да го направи најголемиот можен цел број.

Спојување претставува запишување на броевите едноподруго - без изместување на нивните цифри. На пример, користејќи ги N=3те цели броеви 10, 23 и 58, можно е да се креираат следниве шест броеви: 102358, 105823, 231058, 235810, 581023 и 582310. Најголем од нив е 582310.

Бојан и Марија се одлични програмери и успеале да напишат програма која го решава овој проблем за кои било N (2 <= N <= 1000) цели броеви. Можете ли и вие да го направите истото?



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (2 <= N <= 1000), кој означува колку броеви треба да се спојат. Во секој од следните N редови е запишан по еден цел позитивен број Ki (1 <= Ki <= 1000000), кој ги означува броевите кои може да се користат во играта. Сите броеви се запишани стандардно - без почетни нули (значи не вака: '018', '005', итн).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите најголемиот број кој може да се добие со спојување на N-те цели броеви дадени на влез.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
2
1
3
излез
321


влез
5
9
90
98
5
9


излез
9998905


 Submit your code