Шопинг
Замислете дека сакате да купите неколку производи од продавница. Продавницата ви нуди D проценти попуст на секој трет купен производ (во смисла на тоа како се наредени производите на сметката). Нормално, вие сакате да ги купите производите по најмала цена, па одлучувате да го промените нивниот редослед (нема ограничувања на изгледот на распоредот).
Напишете програма која од стандарден влез ќе ги прочита цените на N производи и бројот D, и на стандарден излез ќе ја отпечати минималната сума која треба да ја платите за да ги купите сите N производи.
Влез
Во првиот ред се запишани два цели броја N (1 <= N <= 50) и D (0 <= D <= 100), кои го означуваат бројот на производи и попустот кој се нуди за секој трет купен производ, соодветно. Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Pi (0 <= Pi <= 2147483647), кој ја означува цената на i-тиот производ.
Излез
На стандарден излез отпечатете ја минималната сума која треба да ја платите за да ги купите сите N производи, заокружена на 2 децимали.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 6 75 100 304 50607 2024 6046 708 | излез 17299.25 |