Број во број

Една од најинтересните игри во новото шоу на МТВ "Знаење на квадрат" е играта "Број во број". За време на оваа игра, учесниците во шоуто треба, за брзо време, да погодат во колку цели броеви од некој интервал [S; K] се содржи одреден број X.

За еден број X велиме дека се содржи во друг број N доколку е можно да се избришат одреден број (можеби 0) последователни цифри од почетокот и одреден број (можеби 0) последователни цифри од крајот на бројот N, за по извршените операции да се добие точно бројот X. На пример, 5 се содржи во 1555, 33 се содржи во 87330, 123123 се содржи во 78123123, итн. Од друга страна, 19 не се содржи во 91 бидејќи не е дозволено преместување (преуредување) на цифри. Исто така, 27 не се содржи во 237 бидејќи не е дозволено бришење на цифри од средината на бројот N.

Напишете програма која ќе изброи во колку цели броеви од интервалот помеѓу S и K (S, S+1, S+2, ..., K) се содржи одреден број X. На пример, за S=109, K=112 и X=11, резултатот би бил 3 (X=11 се содржи во 110, 111 и 112).



Влез

Во првата линија се запишани два цели броја S и K (1 ≤ S ≤ K ≤ 100 000).

Во втората линија е запишан целиот број X (0 ≤ X ≤ 999).



Излез

Да се отпечати во колку броеви од интервалот [S; K] се содржи X.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
109 112
11
излез
3


влез
1 20
0


излез
2


 Submit your code