Избори

Трпе има уред за читање на мисли кој, противзаконски, го користи пред секои избори за градоначалник на село Говрлево. Уредот му овозможува на Трпе да знае како секој гласач ќе гласа на изборите, па Трпе има пресметано колку гласови би добил секој кандидат. Исто така, Трпе знае дека може да потплати било кој гласач да го промени својот глас доколку му понуди доволно пари.

Ваша задача е да му помогнете на Трпе да ги "намести" изборите. Напишете програма која од стандарден влез ќе прочита колку гласови би добил секој кандидат на изборите, и на стандарден излез ќе го отпечати минималниот број на гласачи кои треба да се убедат да гласаат поинаку, за кандидатот кој се наоѓа на прво место во листата да освои стриктно повеќе од сите останати кандидати.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 50), кој го означува бројот на кандидати. Во вториот ред се дадени N цели броја Gi (1 <= Gi <= 100), кои го означуваат бројот на гласови кои би ги добил секој од кандидатите. Фаворитот на Трпе (кандидатот кој сакаме да победи) се наоѓа на првото место во листата (значи, бројот на гласови кој тој би ги добил на изборите ни се дадени со бројот G1, односно со првиот број од вториот ред на влезот).



Излез

На стандарден излез отпечатете го минималниот број на гласови кои треба да се променат за кандидатот кој се наоѓа прв на листата (нашиот фаворит) да освои стриктно повеќе гласови од сите останати кандидати.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
5 7 7
излез
2


Објаснување: Доколку не ги наместиме изборите, нашиот кандидат ќе освои 5 гласови, а другите два кандидати по 7 гласови. Значи, треба да убедиме најмалку двајца гласачи да го променат својот глас. Бидејќи треба да имаме стриктно повеќе гласови од другите кандидати (според текстот на задачата), треба да земеме по еден глас од другите два кандидати.



 Submit your code