Часовник

Како и пред секој друг Државен натпревар по информатика, така и пред овој, Емил е преокупиран со мислењето дека нешто на натпреварот нема да тече како што треба. Дали има доволен број на задачи за натпреварот, дали истите се доволно тешки, дали сите натпреварувачи ќе пристигнат на време за натпреварот, дали системот МЕНДО ќе се однесува како што треба, итн., се само дел од прашањата кои го преокупираат Емил.

Поради сите овие грижи, Емил вчера не можел лесно да заспие. За да не мисли на Државниот натпревар, Емил решил да гледа како се менуваат цифрите на неговиот дигитален часовник. Конкретно, знаеме дека Емил почнал да гледа на својот часовник точно во HH:MM (HH часот и MM минути), го гледал часовникот точно 10 минути и потоа заспал.

Напишете програма која ќе пресмета колку пати се случило да се промени некоја цифра на часовникот во тој временски интервал. Дигиталниот часовник на Емил го покажува времето во стандардниот 24 часовен формат, со почетни нули кај броевите помали од 10 (доколку е 9 часот и 3 минути, на часовникот пишува 09:03).

На пример, нека Емил го гледал неговиот часовник помеѓу 20:18 и 20:28. Во тој временски интервал, на часовникот се случиле вкупно 11 промени на цифри: 20:18->20:19 (1 цифра), 20:19->20:20 (2 цифри), 20:20->20:21 (1 цифра), 20:21->20:22 (1 цифра), 20:22->20:23 (1 цифра), 20:23->20:24 (1 цифра), 20:24->20:25 (1 цифра), 20:25->20:26 (1 цифра), 20:26->20:27 (1 цифра), 20:27->20:28 (1 цифра).



Влез

Во првата линија се запишани два позитивни цели броја, HH (08 ≤ HH ≤ 23) и MM (00 ≤ MM ≤ 59), кои го означуваат почетното време. Времето е прикажано со почетни нули - како што истото би било запишано на часовникот на Емил.



Излез

Да се отпечати бараниот број на промени на цифри.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
20 18
излез
11


влез
23 59


излез
13


 Submit your code