Сортирање

Зошто при подредување на неколку имиња, им даваме толку големо значење на првите букви? Во оваа задача, за да бидеме чесни кон сите букви независно на кое место во името тие се наоѓаат, ќе напишеме програма која ќе ја пресметува просечната алфабетска позиција на секоја буква во секое име, и ќе ги подреди имињата според таа вредност.

Можеме да го дефинираме терминот "вредност на име" како просечната позиција на буквите во името, сметајќи го 'A' како 1, 'B' како 2, 'C' како 3, итн... Па, на пример, вредноста на "BOB" ќе биде (2+15+2)/3=6.(3). Имињата, според оваа вредност, ќе ги подредуваме во растечки редослед. Кога две или повеќе имиња ќе имаат иста вредност, името кое што се наоѓа прво во оригиналната листа (онаа што ја читаме од влез) ќе се појави и прва во сортираната листа.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 100), кој го означува бројот на имиња. Во секој од следните N редови е дадено по едно име (составено само од големите букви од абецедата - [A-Z], без празни места). Имињата ќе содржат помеѓу 1 и 200 букви.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја подредената листа на имиња (по едно име во секој ред).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
BOB
AAAAAAA
TOM
излез
AAAAAAA
BOB
TOM


 Submit your code