Часовник

Најчесто кога правиме нешто, нè интересира колку време трае тоа. Имајќи во предвид дека, како што рекол Ајнштајн, "сè е релативно", единствен начин да утврдиме колку траела една активност е да го забележиме времето во кое почнала таа активност и времето во кое истата завршува.

Вашата задача е да го пресметате времетраењето на една активност (која нема да е подолга од 23 часа и 59 минути), ако ви се дадени забележаните времиња на почеток и крај на активноста.



Влез

Во првиот ред се запишани 2 цели броја, кои ги означуваат часот и минутата на почеток на активноста, соодветно. Во вториот ред, исто така, се запишани 2 броја, кои ги означуваат часот и минутата на крај на активноста. Часовите се дадени во форма како што се среќава кај дигитален часовник (од 0 до 23), а минутите од 0 до 59.



Излез

Единствената линија од излезот треба да го даде траењето на активноста во часови и минути, при што часовите и минутите се одвоени со знакот две-точки. Доколку часот или минутите се едноцифрени броеви, пред бројот се допишува нула.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
23 56
1 1
излез
01:05


 Submit your code