Бонбони

Нино и Тино се двајца браќа. Тино е неколку години помал од Нино. Нивната подалечна тетка Марија после долг престој во Австралија дошла кај нив на посета и не знаејќи дека се родил Тино, за Нино донела пакет од N бонбони. Но пакетот не може да се подели!

За среќа, мајката на Тино и Нино, Ана, работи во санитарна инспекција и може да отиде во фабриката каде што се произведуваат бонбоните и да земе колку сака пакети од бонбони, но со (стриктно) различен број на бонбони во нив. Исто така, во правилникот на санитарната инспекција стои дека може да се земат за проверка само пакети со бонбони кои во нив содржат број на бонбони - степен на 3 (1, 3, 9, 27, 81...).

Одредете какви пакети (со по колку бонбони), треба да земе г-ѓа Ана, кои од нив да ги даде на Тино, а кои на Нино, за на крај и двајцата да имаат ист број на бонбони. Бидејќи пакетот со бонбони од тетка Марија е купен за Нино, тој треба да му се даде нему.



Влез

Во првиот и единствен ред е даден еден цел број N (1 <= N <= 1000000), кој го означува бројот на бонбони во пакетот купен од тетка Марија.



Излез

Во првиот ред од излезот отпечатете ги големините на пакетчињата кои треба да ги добие Нино (заедно со пакетче од тетка Марија), подредени во растечки редослед. Во вториот ред отпечатете ги големините на пакетчињата кои треба да ги добие Тино, подредени во растечки редослед.

Излезот секогаш е еднозначно определен (не постојат повеќе поделби на пакетчињата кои го задоволуваат условот на задачата).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
17
излез
1 9 17
27


Објаснување: Тетка Марија купила пакет со 17 бонбони. За да имаат Тино и Нино по ист број на бонбони, Ана треба да земе пакети со по 1, 9 и 27 бонбони. Пакетите со во кои има 1, 9 и 17 бонбони ќе му ги дадеме на Нино, додека пакетот во кој има 27 бонбони ќе оди кај Тино. Така, и двајцата ќе добијат по 27 бонбони.



 Submit your code