Бизнисмен

Борјан е програмер кој има желба да отвори нова фирма за развој на софтвер. Тој веќе пронашол канцеларија за неговата фирма, па следната работа која што треба да ја направи е истата да ја реновира во најскоро можно време.

Сепак, Борјан е малку чуден, па кога нарачувал компјутери, клима уреди, печатачи и други видови бела техника, тој од продавницата за хардвер си купил и уред за приказ на четирицифрени цели броеви. Самиот уред, покрај приказ, овозможува и менување на секоја од прикажаните цифри. Имено, за секоја од четирите позиции, уредот има по две копчиња (+ и -), сместени под соодветните цифри, кои овозможуваат зголемување за 1, како и намалување за 1 на прикажаната цифра.

На пример, доколку на одредена позиција е запишана цифрата 8, можно е со притискање на соодветното копче + (за таа цифра) да се промени истата во 9, или, со притискање на -, таа да се промени во 7. Доколку е запишана цифрата 9, со притискање на копчето +, истата се менува во 0. Слично, доколку е запишана цифрата 0, со притискање на копчето -, таа се менува во 9. Промената на една цифра не влијае на другите - дури и кога се врши пренос од 9 на 0, или од 0 на 9.

Кога Борјан отишол да провери како напредува реновирањето на неговата канцеларија, тој забележал дека мајсторите, наместо да работат, си играат со неговиот уред. Имено, тие се обидуваат од еден четирицифрен број P, да добијат друг четирицифрен број K, користејќи најмал број на притискања на копчињата. Помогнете му на Борјан да ги убеди мајсторите дека играта не е интересна, и напишете програма која ќе го решава истиот проблем за помалку од 1 секунда.



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два различни четирицифрени цели броеви P и K (1000 <= P, K <= 9999), кои го означуваат почетниот и крајниот број, соодветно.



Излез

Отпечатете го бараниот минимален број на притискања на копчињата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1111 1212
излез
2


влез
1000 2345


излез
13


влез
9999 1000


излез
5


 Submit your code