Селфи

Бисерка е студентка кој ужива да прави селфи фотографии со својот паметен телефон. Селфи претставува фотографија од самиот себеси, најчесто направена преку насочување на камера од паметен телефон во одредена рефлектирачка површина (огледало), на која се гледа лицето кое што ја прави фотографијата.

Денес, по правењето на една фотографија, Бисерка забележала проблем. Имено, поради сликањето во огледало, бројот кој што е запишан на нејзината маичка, која ја добила на митинг, е превртен хоризонтално (т.е., околу вертикална оска). Конкретно, бројот 1082 на сликата излегува како 5801.


По превртување, цифрите 0, 1 и 8 се симетрични, додека цифрата 2 се менува во 5, и обратно - 5 се менува во 2. Другите цифри (3, 4, 6, 7 и 9), немаат никакво значење кога ќе се превртат околу вертикална оска.

Ваша задача е да напишете програма која, за дадени два цели броја P и K, ќе пресмета и отпечати колку броеви од интервалот помеѓу P и K се читаат идентично и по нивно превртување. На пример, броевите 0, 88 и 8528 не се менуваат по нивно превртување околу вертикална оска, додека 8080 и 55 се менуваат (во 0808 и 22, соодветно). Со пишувањето на ваква програма, ќе и помогнете на Бисерка да избере маичка со посоодветен број на неа.

(Забелешка: Во оваа задача разгледуваме само превртување околу вертикална оска - т.н. хоризонтално превртување. Не се дозволени никакви други форми на превртување или ротирање на броевите.)



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два цели броја P и K (0 <= P <= K <= 1 000 000 000 000 000 000), кои го означуваат почетниот и крајниот број од интервалот, соодветно. И P и К се сметаат како дел од интервалот.

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 30% од поените, P и K ќе бидат цели броеви помали или еднакви на 1 000 000.



Излез

Отпечатете го бараниот број на цели броеви кои се читаат идентично и по нивно превртување.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 9
излез
2


влез
10 90


излез
4


Објаснување за вториот пример: 11, 25, 52 и 88.



 Submit your code