Помош

Трпе работи во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во село Говрлево и има мали проблеми. Имено, документацијата која требало да ја заврши одамна, почнува да се насобира на неговата маса, па неговиот шеф се заканил дека ќе го отпушти доколку Трпе не направи некаков прогрес до крајот на денот. Трпе моментно има N документи кои треба да ги процесира, а неговиот шеф бара до крајот на денот Трпе да има точно М документи.

Единствената помош Трпе ја гледа во најмување на агенција која ќе му ја заврши работата. Постојат повеќе агенции кои нудат ваква помош, и сите тие нудат две услуги и тоа:

- Единична услуга: За цена A, тие ќе разгледаат и процесираат еден документ
- Пакет услуга: За цена B, тие ќе разгледаат пакет од S доставени документи, а ќе одберат точно половина од нив Ѕ/2 (или при непарен број Ѕ, (Ѕ+1)/2) и нив ќе ги процесираат.

Значи, најчесто е прифатливо да се достават сите можни документи, и да се користи пакет услугата еднаш, па повторно на преостанатите документи, па повторно на преостанатите... се до даден момент. Нормално, не е секогаш така.

Во секој случај, мора да биде одбрана точно една агенција која ќе ја заврши комплетно работата. (Со комбинација од неколку пакет и/или единични услуги).

Вашата задача е да напишете програма која ќе го отпечати името на агенцијата која ќе ја заврши работата за најмала цена, како и цената по која агенцијата ќе ја заврши работата. Доколку има повеќе такви агенции, може да отпечатите било која од нив.



Влез

Во првиот ред се дадени два цели броја N - почетниот број на документи и M - целниот број на документи (1 <= M <= N <= 100000).
Во вториот ред е даден L - бројот на агенции (1 <= L <= 100). Во следните L редови се дадени описите на агенциите во вид Ime A B, каде Ime го означува името на агенцијата (составено од најмногу 16 букви од латиничната азбука, без празни места), додека A и B (0 <= A, B <= 10000) ги означуваат цените кои ги нуди соодветната агенција (објаснувањето на А и B е дадено погоре).



Излез

На стандарден излез отпечатeте го името на агенцијата која ќе ја заврши работата за најмала цена и цената за која таа агенција ќе ја заврши работата. Доколку има повеќе такви агенции, може да отпечатите било која од нив.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
100 5
3
A 1 10
B 2 5
C 3 1
излез
C 7


Ограничување: При користење на пакет услуга, Трпе секогаш ги дава сите документи кои му се преостанати до тој момент. На пример, доколку има 50 документи и сака да искористи пакет услуга, тој ќе ги даде сите 50 (од кои 25 ќе бидат процесирани).



 Submit your code