Штрајк

Во училиштата во една земја часови се одржуваат во петте работни дена во седмицата (од понеделник до петок). Притоа, второто полугодие трае 18 седмици, точно предвидено кои, секогаш почнува во понеделник, а завршува на крајот на 18-тата седмица.

Оваа 2015 година поради штрајк на наставниците и бојкот на наставата, второто полугодие почнало N работни денови подоцна. (На пример, почнало 7 дена подоцна, што значи, дури во втората предвидена седмица, од среда). За работните денови од доцнењето велиме дека се неодработени денови.

Сите неодработени денови треба да се одработат. Затоа, по завршувањето на штрајкот секоја сабота (почнувајќи од саботата по прекинувањето на штрајкот) учениците ќе одработуваат по еден неодработен ден. Ако и со одработување на наставата во саботите, во сите преостанати предвидени седмици, сите N денови не бидат одработени, тогаш полугодието ќе се продолжи и ќе се работи и во следните седмици по 6 денови во седмицата (од понеделник до сабота).

Вие треба да пресметате за колку работни седмици ќе се продолжи полугодието.

Забелешки:
- За последната седмица ќе велиме дека е работна ако барем еден ден во неа е работен.
- Ако првиот работен ден по прекинувањето на штрајкот е понеделник, одработувањето започнува од саботата која следи после него.



Влез

Во првата и единствена линија е даден бројот на работни денови колку што траел штрајкот (0 <= N < 30).



Излез

Во првата и единствена линија отпечатете го бројот на работни седмици за колку ќе биде продолжено полугодието.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
излез
0


влез
15


излез
0


влез
16


излез
1


Објаснување за првиот тест пример: Штрајкот траел 5 дена. По овие пет дена, во саботите почнувајќи од втората предвидена седмица почнуваат да се одработуваат неодработените денови. Во втората, третата, четвртата, петтата и шестата сабота се одработува по 1 ден. Со ова ќе се одработат сите неодработени денови во првите 6 предвидени седмици од полугодието. Оттука, полугодието кое трае 18 седмици нема да биде продолжено, т.е. ќе биде продолжено за 0 работни седмици.

Објаснување за вториот тест пример: Штрајкот траел 15 дена. По овие 15 дена, во саботите почнувајќи од четвртата предвидена седмица почнуваат да се одработуваат неодработените денови. Од четвртата па се до осумнаесеттата седмица секоја сабота се одработува по еден неодработен ден. Со ова се одработени точно 15 денови. Затоа нема да има потреба да се продолжи полугодието. Па, полугодието ќе биде продолжено за 0 работни седмици.

Објаснување за третиот тест пример: Штрајкот траел 16 дена. Со штрајкот не биле одработени првите 3 предвидени седмици и понеделникот од четвртата предвидена седмица. Одработувањето може да започне во саботата од четвртата предвидена седмица. Затоа, во саботите почнувајќи од четвртата предвидена седмица почнуваат да се одработуваат неодработените денови. Од четвртата па се до осумнаесетата седмица секоја сабота се одработува по еден неодработен ден. Со ова се одработуваат точно 15 денови. Останува уште еден ден кој треба да се одработи. Тој се одработува во понеделникот по завршувањето на 18-те предвидени седмици во полугодието. Седмицата во која понеделникот се работи е работна седмица. Оттука, полугодието ќе биде продолжено за 1 работна седмица (ќе се работи само во понеделникот од таа седмица).



 Submit your code