Пат
Заради поправки, на еден магистрален пат постои дел (точка А до точка В) каде што функционира само една сообраќајна лента. Затоа, најчесто се случува автомобили и од двете страни да мора да почекаат, кога од другата страна веќе доаѓа некој автомобил.
Нека однапред знаеме колку автомобили и во кој момент ќе пристигнат во точката А (за да одат кон В) и колку автомобили и во кое време ќе пристигнат во точката В (за да одат кон А). Вашата задача е да го организирате движењето на автомобилите од двете страни на патот, така што последниот автомобил ќе го напушти патот што поскоро.
Секој автомобил е опишан со три вредности: во која точка доаѓа (А или B), времето на пристигнување во точката, и колку време му треба на возилото да го помине делот од патот, во услови кога нема некој побавен автомобил пред него. Автомобилите не може да се претекнуваат на планинскиот пат и прераспределување на автомобилите во почетните точки не е дозволено.
Важи следново: Од безбедносни причини, два последователни автомобила кои се движат во иста насока не може да поминат преку иста точка (која било точка) од патот во период помал од 10 секунди. Со ова се осигурува дека одреден автомобил нема да се судри во автомобилот пред него, ако првиот нагло закочи.
Влез
Во првиот ред е даден еден цел број N (1 <= N <= 200), кој го означува бројот на автомобили. Во секој од следните N редови се дадени описите на автомобилите, започнувајќи со една голема буква ("A" или "B"), која ја дава точката во која доаѓа автомобилот. Потоа, во истиот ред, се дадени уште два цели броја Тi (0 <= Ti <= 100000) и Di (1 <= Di <= 100000), кои го означуваат времето на пристигнување на автомобилот во точката и времето кое му е потребно на автомобилот за да го измине патот (во секунди), соодветно.
Автомобилите се дадени во растечки редослед во однос на времето на пристигнување, и не постојат два автомобили со исто време на пристигнување.
Излез
На стандарден излез отпечатете го минималното време (во секунди) во кое последниот автомобил ќе го напушти патот, доколку автомобилите се организирани оптимално.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 4 A 0 60 B 19 10 B 80 20 A 85 100 | излез 200 |
влез 4 A 0 100 B 50 100 A 100 1 A 170 100 | излез 270 |