Политичка партија

Политичките партии претставуваат здруженија на граѓани со исти политички убедувања, кои се стремат да дојдат на власт за да ги остварат заедничките цели. Во Македонија, политичките партии се организирани хиерархиски - на чело е лидерот на партијата, директно под него неговите најблиски соработници, итн. Сите членови се дел од единствената хиерархија на партијата, која е дефинирана со N-1 врски (види слика), каде N е бројот на членови.


При официјално исклучување на кој било член од партијата, а поради блискоста со нивниот раководител и намалената моќ која што тие ќе ја имаат во иднина, од партијата веднаш си одат и сите членови кои се наоѓаат (едно или повеќе нивоа) под него во хиерархијата на партијата - без да има потреба од нивно официјално исклучување.

Вам ви се дадени информации за една политичка партија, со N членови. Со број 1 е означен лидерот на партијата. За секој член на партијата, познато е неговото влијание кај народот (цел број - кој може да биде позитивен или негативен). Влијанието на партијата кај народот е сумата од влијанијата на сите нејзини членови.

Кое е максималното влијание кое што може да го има партијата, по официјално исклучување на најмногу К нејзини членови?



Влез

Во првата линија се запишани два цели броја N (2 <= N <= 50 000) и K (1 <= K <= 150).

Во втората линија се запишани N цели броеви Vi (-1 000 000 000 <= Vi <= 1 000 000 000), кои го означуваат влијанието на секој член на партијата (почнувајќи со членот со број 1, па членот со број 2, итн).

Во следните N-1 редови се запишани по два цели броја Xi и Yi (1 <= Xi < Yi <= N), кои ги дефинираат врските помеѓу членовите.



Излез

Отпечатете го бараното максимално влијание.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 512 megabytes



Примери


влез
7 1
5 9 -1 -4 -5 2 -7
1 5
1 4
1 3
2 5
4 6
4 7
излез
8


влез
7 2
5 9 -1 -4 -5 2 -7
1 5
1 4
1 3
2 5
4 6
4 7


излез
9


влез
3 2
2 2 2
1 2
1 3


излез
6


Објаснување за првите два примери: Види слика.

Објаснување за третиот пример: Можно е да се исклучат и помалку од K членови.



 Submit your code