Мрежи

Во општина Кавадарци работат неколку кабелски оператори кои од неодамна почнаа да нудат и телефонски услуги. За да може да го прават тоа, тие мора да имаат сопствена мрежа од врски помеѓу некои од населените места од општината, посредно или непосредно.

Значи, секој оператор поседува одреден број на телефонски линии. Секоја телефонска линија поврзува пар од населени места и може да се користи во двете насоки. Цената на користење на секоја линија е непроменлив цел број. Телефонски повик од населбата А кон населбата В може да се воспостави преку едно или неколку други населени места, при што цената на повикот е сума од цените за користење на секоја од искористените линии. (Всушност, некогаш е поефтино да се воспостави повикот преку неколку линии, отколку да се користи директната дури и во случај кога таква постои).

Кабелскиот оператор, со цел да ја направи разбирлива информацијата за корисниците, на рекламниот леток ги пишува најниските можни цени за повик помеѓу секој пар од населени места. За да ги импресионира корисниците, операторот го наведува и бројот на линии кои ги има воспоставено помеѓу населените места.

Така, на рекламните летоци има информација која наликува на следната: Со помош на 29 линии ги поврзуваме 12-те најпознати населени места во Тиквешијата. Повик од Кавадарци до Мрежичко е 14 дени, од Радња до Крњево е 5 дени, од Ваташа до Глишиќ е 7 дени,... и следи листа за сите парови од населени места.

Е сега, за да одлучи еден корисник кој оператор ќе го одбере тој се потпира на информациите од летоците. Но, покрај позитивната кампања, операторите покрај својот вистински леток изработуваат и лажни летоци во име на другите компании со "неприфатливи" цени. Така еден корисник може да собере и 10 различни летоци, иако има само 3 или 4 различни оператори.

За среќа, операторите не се внимателни кога ги прават фалсификат-летоците, па најчесто таквите летоци реално не би можело да бидат испечатени од ниеден оператор.

Ваша задача е, за дадено множество од податоци кои се содржани на еден леток да утврдите дали тие податоци навистина може да опишуваат една оператор со реална мрежа.



Влез

Првата линија од влезот го дава бројот на летоци Li (1 <= Li <= 10) собрани од Перо (корисник) (секој леток има бројче, првиот влез го опишува летокот 1, вториот 2, итн…). Секој леток е опишан во посебен блок кој започнува со линија што содржи два цели броја – N (2 <= N <= 100) и K (1 <= K <= 1000) - каде N е бројот на населени места, а K е бројот на телефонски линии. Блокот продолжува со N-1 линии кои ги даваат најефтините цени на повик помеѓу сите парови од населби. Конкретно, i-тата линија содржи (N-i) броеви, каде j-тиот број ја претставува цената на повик помеѓу населбите i и (i+j). Цените на повик ќе бидат цели броеви помеѓу 1 и 500.



Излез

Во првата линија од излезот испечатете еден број F – бројот на фалсификати. Во следните F линии,отпечатете ги бројчињата на летоците кои се фалсификат. (Летокот се смета за фалсификат ако не е можно да се доделат цени на телефонските линии кои ги има операторот така што најнис-ките цени на повик се како што е напишани во летокот), во редослед како што се дадени во влезот.



Ограничувања

Временско ограничување: 3 seconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2
3 3
1 2
2
3 2
1 2
2
излез
1
2


Објаснување: Летокот кој е најпрво опишан во влезот (бројче 1), не е фалсификат. Летокот опишан по него (бројче 2), е фалсификат, бидејќи не е можно да се состави реална мрежа со К=2 телефонски линии, така што најниските цени се како што е напишано на летокот. Така, пишуваме 1 во првата линија, а потоа бројчињата на фалсификатите (тука само 2).



 Submit your code