Чоколадна коцка

Наставничката Росица на час по информатика реализирала практична вежба со чоколада во правоаголна форма (чоколадата се состои од NxM издвоени коцки распоредени во N редици и M колони). Наставничката зема една коцка од чоколадата која се наоѓа во R-тата редица и K-тата колона (означена со Р на сликата подолу).


Потоа станува првиот ученик и тој треба да ги земе сите чоколадни коцки кои имаат барем една заедничка страна со земената чоколадна коцка од наставничката (означени со 1 на сликата). Следува вториот ученик кој треба да ги земе сите чоколадни коцки кои имаат барем една заедничка страна со земените коцки од претходниот ученик (означени со 2 на сликата), итн. Оваа постапка се повторува се’ додека не се земат сите чоколадни коцки.

Ваша задача е да „погодите“ кој ќе биде редниот број на ученикот кој ќе ја земе последната коцка и колку чоколадни коцки ќе земе тој ученик.



Влез

Во првиот ред дадени се 2 броја, N и M (1 <= N,M <= 1 000, N+М>2), кои го означуваат бројот на редици и колони на чоколадата, соодветно.

Во вториот ред дадени се 2 броја R и K (1 <= R <= N, 1 <= K <= M), кои ги означуваат редицата и колоната на чоколадната коцка која ја земала наставничката.



Излез

Во првиот ред е запишан редниот број i на ученикот кој ја земал последната чоколадна коцка.

Во вториот ред е запишан бројот на чоколадни коцки кои ги земал i-тиот ученик.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2 4
1 2
излез
3
1


влез
4 5
1 2


излез
6
1


Објаснување за првиот тест пример: Првиот ученик земал 3 чоколадни коцки, на позициите (1,1), (2,2) и (1,3). Вториот ученик земал 3 чоколадни коцки, на позициите (2,1), (2,3) и (1,4). Третиот ученик ја земал последната (една) чоколадна коцка која се наоѓа во 2рата редица и 4тата колона на чоколадната матрица.



 Submit your code