Чкорчиња

Дедо Трајан му дал на внукот Теодор M чкорчиња. Тој му дал задача сите М чкорчиња да ги нареди така што ќе претстави еден четирицифрен број.

Теодор цифрите ги претставува со чкорчиња како што е дадено на сликата:


Имено, за цифрата 1 користи точно 3 чкорчиња, за цифрата 2 користи точно 5 чкорчиња, за цифрата 3 користи 5 чкорчиња, и за следните цифри по редослед 4, 5, 5, 3, 7, 5 и 6 чкорчиња.

Кој е најголемиот број кој може да го претстави Теодор со употреба на сите чкорчињата што му ги дал дедо Трајан?



Влез

Во првиот и единствен ред е даден бројот на чкорчиња M (1 <= M <= 100).



Излез

Во еден ред се печати максималниот број кој може да го претстави Теодор. Ако Теодор не може да претстави број согласно барањата дадени во задачата, треба да се отпечати -1.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
13
излез
7774


влез
8


излез
-1


Објаснување за првиот пример: Со 13 чкорчиња може да се претстават четрицифрените броеви: 1114, 1741, 7774 итн. Од сите четирицифрени броеви што може да се претстават, најголем е бројот 7774.

Објаснување за вториот пример: Со 8 чкорчиња не може да се претстави четирицифрен број.



 Submit your code