Портали

Бајтленд е чудна земја: во неа има N градови поставени во линија, именувани А1, А2, … АN. Во секој од овие градови има точно еден портал кој граѓаните на Бајтленд може да го користат за брзо патување кон другите градови.

Во Бајтленд постојат неколку различни типови на портали. Секој тип на портал е специјален и дозволува телепортирање само до портали од ист тип. Секое телепортирање се извршува за V часови.

Патувањето низ градовите во Бајтленд се одвива според следните правила:
- Од секој град Ai може да се стигне пешки до соседните градови Аi-1 и Аi+1 за 1 час.
- Од градот Ai кој има портал од тип Т може да се патува до кој било град кој исто така има портал од тип Т за V часови.

Формално, доколку некој се наоѓа во градот Аi, тој може да патува до соседните градови Аi-1 и Аi+1 за 1 час, или до кој било град Aj за кој важи дека Тi = Тj, за V часови.

Мендо се наоѓа во градот А1 и сака да стигне до градот АN за најкратко можно време. Помогнете му на Мендо да пресмета колку минимум часови му се потребни за да стигне од градот А1 до градот АN .



Влез

Во првиот ред се дадени два броја N и V (1 ≤ N ≤ 100 000, 0 ≤ V ≤ 100 000), кои ги означуваат бројот на градови, и бројот на часови кои се потребни за телепортирање меѓу два града со портал од ист тип.
Во вториот ред се дадени N броеви Тi (1 ≤ Тi ≤ 10), кои го означуваат типот на портал во секој од градовите, соодветно.

Забелешка:
За 15% од поените има најмногу 2 типови на портали т.е. Тi≤2 за i=1..N.
Зa дополнителни 30% од поените, времето за телепортирање меѓу два града со портал од ист тип ќе биде 1 т.е. V = 1 и N ≤ 50.



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете го минималниот број на часови кои му се потребни на Мендо за да стигне од градот А1 до градот АN.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 1
3 2 1 3 1
излез
2


влез
20 2
2 1 3 4 6 8 5 7 4 2 3 5 2 1 3 4 3 5 6 7


излез
6


Објаснување за првиот тест пример: Мендо почнува во градот А1; со помош на порталот тој пристигнува во градот А4, и потоа од таму пешки пристигнува во крајниот град А5. Пат: 1 (време = 0) -> 4 (време = 1) -> 5 (време = 2)
Објаснување за вториот тест пример: Пат: 1 (време = 0) -> 10 (време = 2) -> 9 (време = 3) -> 8 (време = 4) -> 20 (време = 6)



 Submit your code