Лотарија

Лото 7/30 е игра каде што важат следните правила: 1) на ливче се запишани 30 броеви (распоредени во 5 редови од по 6 броја, за полесно читање), а потоа 2) за време на извлекувањето, со помош на специјална машина, се добиваат 7 т.н. добитни броеви.

Лицето кое што го има купено ливчето, како што се извлекува секој од седумте броеви, го обележува тој број на своето ливче (нормално, доколку ливчето го содржи бројот). Ливчето е добитно доколку тоа ги има сите 7 извлечени броеви.

На пример, да го разгледаме следното ливче:

           10 15 20 25 30 30
           12 15 12 12 15 20
           20 25 13 14 15 16
           10 11 11 12 13 15
           20 23 23 23 23 20

Сега, доколку при извлекувањето се добиле следните 7 броеви [10, 13, 13, 20, 30, 20, 15], тогаш ливчето е добитно (може да видите дека секој од 7-те броеви се појавува на ливчето – обележано со црвена боја). Забелешка: Некои броеви на ливчето може да се повторуваат. Слично, при извлекувањето, некој од 7-те броеви може да се повторат. Нормално, доколку некој број се повтори повеќе пати во седумте извлечени (добитни) броеви, тој треба да се повтори (најмалку) толку пати и на ливчето. (Ако во седумте извлечени броеви има три 5-ки, тогаш и на ливчето треба да има најмалку три 5-ки).

На пример, ливчето дадено погоре е добитно и за следната комбинација на 7 извлечени броеви:

         [10, 10, 20, 20, 20, 20, 30]

Од друга страна пак, ливчето не е добитно за следните комбинации:

         [10, 11, 12, 14, 15, 16, 27] (бројот 27 не е на ливчето)
         [10, 11, 12, 14, 14, 15, 16] (бројот 14 се наоѓа на ливчето само еднаш)

Доколку знаете кои 30 броеви се наоѓаат на едно ливче, како и кои седум броеви се извлечени, дали можете да откриете дали ливчето е добитно или не?



Влез

Во првиот ред се дадени седум позитивни цели броеви (помали или еднакви на 30), кои ги означуваат извлечените (добитните) броеви.

Во следните 5 редови се содржат по 6 броја (помали или еднакви на 30), кои ги означуваат 30-те броеви запишани на ливчето.



Излез

Единствената линија од излезот треба да содржи “DA” (доколку ливчето е добитно) или “NE” (доколку ливчето не е добитно).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10 13 13 20 30 20 15
10 15 20 25 30 30
12 15 12 12 15 20
20 25 13 14 15 16
10 11 11 12 13 15
20 23 23 23 23 20
излез
DA


Објаснување за првиот тест пример: Ова е примерот од текстот на задачата.



 Submit your code