Братче

Борјан учи за трицифрени броеви и како домашна задача во својата тетратка запишува такви броеви. Неговиот помал брат Горјан, кој што сака да прави се како својот брат, седнува до него и препишува. Меѓутоа, гледајќи од страна Горјан го препишува бројот така што цифрите ги реди во обратен редослед (на пример, ако Борјан напишал 123, Горјан пишува 321).

Ако го знаете бројот кој го запишал Борјан, утврдете кој од двата запишани броја е поголем и отпечатете го на екран. Ако и кај двајцата е запишан истиот број, отпечатете го него.



Влез

Во еден ред е даден трицифрениот број N кој го запишал Борјан (значи, 100 ≤ N < 1 000).



Излез

Отпечатете го бараниот цел број.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
125
излез
521


влез
201


излез
201


 Submit your code