Мој Термин

Во Македонија се користи електронски систем наречен Мој Термин за закажување на прегледи и интервенции. Пред едно лице да добие свој термин, тоа мора да отиде кај неговиот матичен лекар, кој понатаму му внесува на пациентот термин во системот.

Пред канцеларијата на матичниот лекар д-р Петре чекаат L лица (пациенти), наредени во една колона. Бидејќи луѓето во Македонија сакаат да одат секаде заедно (на пример, три бабички заедно одат на матичен за да закажат термин за бања, и сл.), овие L пациенти се дел од неколку групи. Сите пациенти кои се дел од иста група стојат еден позади друг (без други пациенти помеѓу нив), за да можат да си прават муабет и слично.

Секретарката која е вработена кај д-р Петре поминала покрај некои од овие лица и ги прашала колку ги има заедно во група, за матичниот лекар да може подобро да го испланира времето. За секое лице, знаеме дали нему му е поставено прашањето или не, и доколку му е поставено - кој е неговиот одговор.

На пример, доколку имаме {N, 2, 2}, тоа значи дека првото лице не било прашано, додека второто и третото биле прашани и дале одговор дека тие се двајца во група. Од тука, може да се открие дека всушност постојат две групи: првото лице (кое е само во група), и другите две лица (кои се двајца во група). Од друга страна пак, доколку имаме {N, 2, N}, тогаш не е можно да се откријат непознатите вредности “N”, бидејќи е можно или: 1) првото лице да е само во група, а другите две да се заедно; или пак: 2) првите две лица да се заедно, а третото лице да е само во група.

Напишете програма која, за дадени влезни податоци, ќе отпечати “DA” доколку секретарката може да ги открие сите непознати (N) вредности, или “NE” доколку не може.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број L (1 <= L <= 100), кој го означува бројот на лица кои чекаат. Во секој од следните L редови е запишан одговорот на i-тото лице Oi (1 <= Oi <= 100), или пак е запишано “N” доколку тој/таа не бил прашан за бројот на лица во неговата/нејзината група.

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 30% од поените, бројот L ќе биде помал или еднаков на 5.



Излез

Во еден ред се запишува “DA” или “NE”, како што е дефинирано во текстот на задачата. Тест примерите нема да бидат контрадикторни – т.е. може да претпоставите дека постои барем еден начин да се поделат луѓето на групи.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
N
2
2
излез
DA


влез
3
N
2
N


излез
NE


влез
6
3
3
3
N
3
N


излез
DA


Објаснување за првите два тест примери: Овие примери се објаснети во текстот на задачата.

Објаснување за третиот тест пример: Непознатите вредности “N” е логично (мора) да се еднакви на 3, односно постојат 2 групи од по 3 луѓе.



 Submit your code