Јаболките на Марко

Марко има 4 внучиња. Денес, комшијата Перо поминал и на Марко му оставил N (N > 4) јаболки. Марко одлучил овие јаболки да ги подели подеднакво на внучињата. За да може да го направи тоа, постои можност Марко да треба да докупи уште неколку јаболки. Ако секоја јаболка чини по 9 денари, пресметајте колку најмалку пари ќе потроши Марко притоа.



Влез

Во првиот и единствен ред е запишан бројот на јаболки кои Перо му ги оставил на Марко, N (N>4, N<1000).



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
8
излез
0


влез
11


излез
9


влез
10


излез
18


 Submit your code