Натпревар

Во последните неколку години, се повеќе и повеќе ученици земаат учество на натпреварите по информатика. Еден продавач, Марко, одлучил да ја искористи оваа информација, и да продава кроасани и сокчиња пред почетокот на натпреварите.

Бидејќи и самиот е поранешен натпреварувач, тој се одлучил да продава кроасани и сокчиња по многу ниски цени, па така кроасаните ќе ги продава за 7 денари (по кроасан), а сокчињата за 4 денари (по сокче).

Ваша задача е да утврдите дали за дадена сума од N денари Марко може да им даде комбинација од производи кои ќе имаат точно толкава вредност (значи, нема да има потреба да им враќа кусур).

Напишете програма која што за дадена вредност N, ќе отпечати “DA” доколку може да се купат производи (кроасани и/или сокчиња) за цена од N денари без враќање кусур; или “NE” во спротивно.



Влез

Во првиот и единствен ред е запишан еден позитивен цел број N (1 <= N <= 20), кој ја означува сумата за која треба да се провери.



Излез

Отпечатете го бараниот резултат (“DA” или “NE”), како што е дефинирано во текстот на задачата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7
излез
DA


влез
15


излез
DA


влез
13


излез
NE


Објаснување за примерите: За N=7 одговорот е “DA” (Марко ќе даде точно еден кроасан). Слично, треба да се отпечати “DA” и доколку N=15 (еден кроасан и две сокчиња). Од друга страна пак, за N=13 треба да се отпечати “NE”, бидејќи не постои комбинација од производи која ја има точно таа вредност.



 Submit your code