Бидик

Бидик фатил да учи алгоритми. На курсот кој го посетува, неговата наставничка го дала следниот проблем:

Имате добиено текстуална низа (стринг) составена од N мали латинични букви (‘a’-‘z’). Определете дали овој стринг може да се претвори во палиндром (да се чита исто од напред и од назад), ако единствената операција која што можете да ја правите е замена на соседни букви од стрингот.


Доколку е можно да се реши овој проблем, потребно е да се отпечати колку најмалку замени се потребни за претворање на стрингот во палиндром. Во спротивно, потребно е да се отпечати “GRESHKA”.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 200000), кој ја означува должината на стрингот. Во следниот ред е запишан стрингот, составен од точно N мали латинични букви.

Забелешка: Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, стрингот ќе биде составен само од две букви, и должината N ќе биде помала од 30.



Излез

Отпечатете го бараниот најмал број на замени; или “GRESHKA” доколку не е возможно стрингот да се претвори во палиндром. Дозволена е замена само на соседни букви во стрингот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
caaxc
излез
1


влез
7
aaycyzz


излез
8


влез
6
zdravo


излез
GRESHKA


Објаснување за првиот пример: Овој стринг може да се претвори во палиндром со замена на третата со четвртата буква (caaxc -> caxac).

Објаснување за вториот пример: aaycyzz - ayacyzz - aycayzz - aycyazz - aycyzaz - ayczyaz - ayzcyaz - ayzcyza - ayzczya



 Submit your code