Штедење

Кире и Мете имаат касички за собирање парички. Знаеме дека денес во касичката на Кире има K денари, а касичката на Мете е празна. Од утре натаму, секое утро ќе ставаме точно А денари во касичката на Кире, и точно B денари во касичката на Мете.

Ако ги знаете К, A и В, пресметајте после точно колку денови во двете касички ќе има ист број на денари. Се разбира, може да се случи таков ден да не постои.



Влез

Во првиот ред се запишани 3 броја, K (0 < K < 20), А и В (0 < A ≤ B < 10) според описот на задачата.



Излез

Во првиот ред запишете го одговорот, т.е. бројот на денови после кој во двете касички ќе има по ист број на денари. Ако таков број не постои запишете NE.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10 1 2
излез
10


влез
5 2 4


излез
NE


влез
7 3 3


излез
NE


Објаснување за првиот тест пример: Знаеме дека денес во касичката на Кире има 10 денари, а касичката на Мете е празна. После 1 ден во касичката на Кире ќе има 11 денари, а во касичката на Мете ќе има 2 денари. После 2 дена во касичката на Кире ќе има 12 денари, а во касичката на Мете ќе има 4 денари. После 10 дена и во касичката на Кире и во касичката на Мете ќе има по 20 денари.



 Submit your code