Праски

Васе е земјоделец и одгледува праски. Тој поседува еден долг ред од P дрва од праски. За секое дрво во редот тој знае колку плодови раѓа годишно (годишен принос).
Министерството за земјоделство дава награда за земјоделецот кој има најдобар просечен принос по дрво. Васе сака да го зголеми тој податок за неговите праски, на тој начин што ќе исече неколку дрва од почетокот на редот. Се разбира, за да не забележат од министерството дека ги нагодувал резултатите, тој мора да ги сече дрвата по ред (значи, сите до одредено дрво, без прескокнување), а бидејќи сака да има и што поголем род, ќе се труди да исече што помалку дрва.
Пресметајте колку од дрвата треба да исече Васе, така што ќе постигне највисок просечен принос по дрво од останатите дрва.



Влез

На влез во првиот ред е даден еден број P (1 ≤ P ≤ 100 000), бројот на праскови дрва во дрворедот на Васе. Во вториот ред се дадени P цели броеви Ti (1 ≤ Ti ≤ 1000), приносот од секое дрво, по редослед.
Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 40% од поените, бројот P ќе биде помал или еднаков на 1000.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го бараниот одговор.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6
5 12 8 14 7 9
излез
1


 Submit your code