Буцко

Арменд е гурман и ужива во јадењето. Но, лекарот го советувал дека мора да прави активности со цел да го анулира внесот на калории во телото.
Од последниот преглед Арменд води записи за тоа колку калории внел и колку калории потрошил со активностите кои ги правел. За да може да се пофали пред докторот, тој одлучил да пресмета колку од активностите кои се правени по редослед во целина се анулираат меѓу себе (збирот на калории на сите последователни активности во таа група е нула). Притоа, тој ќе ги изброи сите такви групи активности, за да бројката биде што е можно поголема.



Влез

На влез во првиот ред е даден еден број P (1 ≤ P ≤ 100 000), бројот на активности кои ги направил Арменд. Во вториот ред се дадени P цели броеви Ki (-1 000 000 ≤ Ki ≤ 1 000 000), внесените или потрошените калории (внесените се позитивни, а потрошените - негативни броеви).
Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 20% од поените, бројот P ќе биде помал или еднаков на 100.
Во тест случаи кои носат дополнителни 20% од поените, бројот P ќе биде помал или еднаков на 8000.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го бараниот резултат.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6
1 2 -3 -2 3 -1
излез
4


Во овој пример, постојат точно 4 групи од последователни активности, за кои што важи дека збирот на калории во рамките на групата е еднаков на 0. Тоа се:
1) 1 2 -3;
2) -2 3 -1;
3) 2 -3 -2 3; и
4) 1 2 -3 -2 3 -1.



 Submit your code