Мрзливото џуџе

Во Македонија многу работи доцнат (но не и натпреварите по информатика). Годинава и Дедо Мраз задоцни да донесе подароци за добрите деца во Македонија, оти чекал прво да наврне снег, па потоа да дојде. За да си ја заврши работата, на неговиот помошник, џуџето Андреј, му дал N денари за со нив да купи колку што е можно подароци од исти тип. Андреј знае дека во блиската продавница овие подароци чинат секој по А денари, а во подалечната знае дека се поевтини и чинат секој по B денари. Андреј го мрзи да оди до подалечната продавница. Ваша задача е да го убедите со тоа што ќе пресметате колку повеќе подароци ќе може да купи, ако отиде во подалечната продавница.



Влез

Влезот ги содржи броевите N, А и B (1 ≤ B ≤ A ≤ N ≤ 200) во еден ред.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот - колку повеќе подароци може да се купат ако се купуваат по поевтината цена.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
22 6 5
излез
1
влез
30 7 4
излез
3


Објаснување за првиот пример: Во првата продавница Андреј може да купи најмногу 3 подароци, додека во втората може да купи најмногу 4 подароци, што значи дека ќе може да купи еден подарок повеќе.



 Submit your code