Замена на подароци

Помошникот на Дедо Мраз имал N денари кои ги искористил за да купи што е можно повеќе подароци по цена A денари, од блиската продавница. Бидејќи Дедо Мраз разбрал дека во далечната продавница истите податоци се по поевтина цена (В денари), тој одлучил да ги врати купените подароци во блиската продавница, за да може да ги искористи парите за повеќе подароци. Но, сега дознал дека во блиската продавница кога се враќаат купените подароци, мора да се вратат сите, и наместо по А денари, враќаат по само R денари од подарок. Дали ако Дедо Мраз одлучи да ги врати сите подароци во блиската продавница, ќе може да купи стриктно повеќе подароци од далечната продавница? Напишете програма која ќе одговори на ова прашање.



Влез

Влезот ги содржи броевите N, А, R и B (1 ≤ B ≤ A ≤ N ≤ 200, 1 ≤ R ≤ A) во еден ред.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот “DA” доколку може да купи повеќе подароци или “NE” во спротивно.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
100 10 8 7
излез
DA
влез
50 10 9 8
излез
NE
влез
155 40 15 20
излез
DA
влез
200 101 1 15
излез
DA


Објаснување за првиот тест пример:
Помошникот на Дедо Мраз купил 10 подароци, кои Дедо Мраз може да ги врати за да добие 80 денари. Иако добил помалку отколку што платил, сепак со 80 денари може да купи 11 подароци од по 7 денари.

Објаснување за четвртиот тест пример:
Иако Дедо Мраз речиси нема да добие поврат за купениот подарок (платено е 101 денар, а добива само 1 денар), сепак со преостанатите пари тој може да купи повеќе подароци од по 15 денари доколку го врати првиот подарок.



 Submit your code