Кучешки години
Меѓу луѓето владее заблуда дека една кучешка година е еднаква на 7 човечки години. Меѓутоа, според истражувањата со ДНК тоа не е така, и утврдено е дека кучињата стареат со различна брзина на различна возраст. Така, за раса на куче со тежина околу 12 килограми, се смета дека првата кучешка година е еднаква на 15 човечки, втората е еднаква на 9, од третата до шестата се еднакви на четири, а секоја следна е еднаква на пет.
Ако знаете колку години е кучето Шарко, пресметајте колку е тоа старо во човечки години.
Влез
Во првиот и единствен ред е запишан целиот број N (1 ≤ N ≤ 25), колку години е кучето Шарко.
Излез
Во првиот и единствен ред запишете ја староста на кучето во човечки години.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 | излез 15 |
влез 2 | излез 24 |
влез 4 | излез 32 |
влез 10 | излез 60 |
Објаснување за четвртиот тест пример:
Десет кучешки години се еднакви на 15 + 9 + 4 + 4 + 4 + 4 + 5 + 5 + 5 + 5 = 60 човечки години.