Пад на концентрација

Филип е на натпревар по информатика. Позади него седи Виктор, кој исто така се натпреварува. Виктор е настинат (не е корона), па секоја минута по еднаш шмрка, и тоа во редослед: „шмрк“, „шмрк-шмрк“, „шмрк-шмрк-шмрк“.
Така Филип во првата минута од натпреварот слуша „шмрк“, во втората „шмрк-шмрк“, во третата „шмрк-шмрк-шмрк“, и пак по ред, во четвртата „шмрк“, во петтата „шмрк-шмрк“ итн.
На крајот на M-тата минута на Филип му паднала концентрацијата, па почнал да става цртки на листот пред себе за секое чуено „шмрк“. Тоа го правел до крајот на N-тата минута.
Ако ги знаете M и N, пресметајте колку цртки ставил Филип.



Влез

Во првиот и единствен ред се запишани два позитивни цели броеви М и N (1 ≤ М < N ≤ 150).



Излез

Во првиот и единствен ред запишете колку цртки ставил Филип почнувајќи по истекувањето на М-тата минута па се до крајот на N-тата минута.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 3
излез
5


влез
3 6


излез
6


влез
6 10


излез
7


Објаснување за првиот тест пример:
Филип во првата минута слуша „шмрк“, но тоа не го броиме, оти почнуваме од крајот на првата минута. Во втората тој слуша „шмрк-шмрк“, а во третата „шмрк-шмрк-шмрк“. Значи, вкупно ставил 2+3=5 цртки.



 Submit your code