Author |
Message |
05/06/2011 10:56:04
|
mile
Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline
|
Здружението на информатичарите на Македонија, во соработка со компанијата Сивус обезбеди бесплатно учество на летна школа која Сивус ја организира по втор пат.
Школата треба да се одржи во периодот 20-26.08 во хотел Монтана, Крушево.
Од страна на ЗИМ, за учесници на школата се предложени најдобрите натпреварувачи и тоа: сите поканети учесници на Македонската олимпијада по информатика, како и средношколците од најдобрите натпреварувачи на Државниот натпревар за почетничка група.
Сите поканети учесници се известени за тоа со е-порака пратена на е-адресата од системот МЕНДО.
На сите им честитаме на наградата и им посакуваме успех на интервјуто во Сивус, за учество на школата.
|
|
|
05/06/2011 17:16:40
|
tStojkovski
Joined: 13/02/2010 14:23:00
Messages: 108
Location: Гостивар
Offline
|
Зошто ми нема стигнато, а учествував на МОИ?
|
|
|
05/06/2011 17:52:47
|
mile
Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline
|
Епа, провери си ја поштата на адресата која ја имаш оставено на МЕНДО.
|
|
|
05/06/2011 18:25:34
|
tStojkovski
Joined: 13/02/2010 14:23:00
Messages: 108
Location: Гостивар
Offline
|
mile wrote:Епа, провери си ја поштата на адресата која ја имаш оставено на МЕНДО.
OK е, во спам била
|
|
|
05/06/2011 19:48:30
|
nikola3103
Joined: 25/12/2009 16:09:56
Messages: 184
Offline
|
Мене ми нема стигнато никаква порака во врска за кампот , ја проверив адресата и до spam ,и во junk и нема никаде :S . Може да проверите дали сигурно ми е пратена покана? БЛагодарам однапред.
|
|
|
05/06/2011 20:31:23
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
nikola3103 wrote:Мене ми нема стигнато никаква порака во врска за кампот , ја проверив адресата и до spam ,и во junk и нема никаде :S . Може да проверите дали сигурно ми е пратена покана? БЛагодарам однапред.
Пиши на natprevar [at] gmail.com
|
|
|
05/06/2011 21:21:40
|
bedzo
Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline
|
А интервјуата ќе бидат во опсег од 2-3 дена или само еден ден?
|
|
|
06/06/2011 13:42:39
|
mile
Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline
|
bedzo wrote:А интервјуата ќе бидат во опсег од 2-3 дена или само еден ден?
За тоа детали ќе добиете од Сивус, наскоро.
|
|
|
07/06/2011 22:38:28
|
nikola3103
Joined: 25/12/2009 16:09:56
Messages: 184
Offline
|
Zosto poraka na forum mi e izbrisana i nikoj ne mi odgovara na pismoto? :S
|
|
|
07/06/2011 23:45:18
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
nikola3103 wrote:Zosto poraka na forum mi e izbrisana i nikoj ne mi odgovara na pismoto? :S
Шала е ова, или...? Колку што знам јас, одговорено ти е на писмото.
This message was edited 1 time. Last update was at 07/06/2011 23:45:51
|
|
|
10/06/2011 11:38:42
|
Vikjan94
Joined: 22/02/2011 20:11:00
Messages: 27
Offline
|
Да не има случајно некој добиено известување во врска со интервјуата во Seavus?
Или барем отприлика да знае кога ќе бидат?
|
|
|
10/06/2011 15:14:49
|
mile
Joined: 31/12/2009 17:32:27
Messages: 92
Offline
|
Податоците за сите учесници ќе бидат доставени во понеделник. Потоа, тука или на вашата е-адреса може да ги очекувате понатамошните информации.
Затоа, почесто проверувајте.
|
|
|
10/06/2011 17:57:19
|
obi1kenobi
Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline
|
Дечки, имате RSS фид ако не сакате да проверувате цело време:
http://mendo.mk/jforum/rss/topicPosts/148.page
|
|
|
15/06/2011 20:28:58
|
tStojkovski
Joined: 13/02/2010 14:23:00
Messages: 108
Location: Гостивар
Offline
|
Му стигна на некој порака или слабо?
|
|
|
15/06/2011 20:42:58
|
Vikjan94
Joined: 22/02/2011 20:11:00
Messages: 27
Offline
|
tStojkovski wrote:Му стигна на некој порака или слабо?
Ништо до сега... Ајде, можеби им треба уште некој ден. Само работата е што ќе почнеме да одиме по одмори...
|
|
|
|