[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Задача „Страници“ - Проблем!  XML
Forum Index » Други задачи
Author Message
Gorjan



Joined: 04/03/2011 17:08:38
Messages: 7
Offline

Во задачата по име „Страници“ тест резултатот 2 има погрешно пресметан output file. До страницата 99999 (ова е бројот во input file-от) може да се стигне со притискање на копчето '-' 100 пати. Во output file-от е наведено дека се добива 99999 со притискање на копчето '+' 99899. Ова важи доколку со притискање на '-' од 1 се оди на последната страница, односно 99999. Но, ова не е наведено во задачата, ќе ве молам за појаснување.
obi1kenobi



Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline

Не гледам каде во задачата пишува дека од 100 можеш преку 0 да стигнеш на 99999...
Gorjan



Joined: 04/03/2011 17:08:38
Messages: 7
Offline

На тој начин работи телетекстот на телевизорот, имплицитно се подразбира.
obi1kenobi



Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline

Во моето искуство со натпреварите, ништо не се подразбира ако не стои во текстот на задачата.
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Во задачата пишува точно што прават копчињата, цитирам:
Копчето '+' го зголемува бројот на страницата за 1, а копчето '-' го намалува бројот за 1. На почеток, Трпе се наоѓа на страница 100 и сака да стигне до страницата P.

Не пишува "копчето '-' го намалува бројот за 1, освен ако страницата не е 100, во кој случај оди на страницата 99999", или пак "копчето '-' работи како стандардното копче на далечинскиот управувач, само за 99999 страници"

Второ, кај мене телевизорот не оди на страница 99999 (или 999) кога ќе стистам на копчето '-', туку оди на последната страница за која знае дека постои (на пример 700, ако не постојат страници над 700). Тоа е уште една претпоставка што си ја направил.

Инаку, се обидуваме во задачите да дефинираме се што може да им текне на натпреварувачите (во текстот, некогаш и по повеќе пати), но може еве да се случи некој да не ја сфати задачата. За тоа постои простор за поставување на прашања - ако мислиш дека нешто не е добро дефинирано, ќе поставиш прашања за време на натпреварот и ќе си добиеш одговор.
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Факти:
1. Во задачата пишува дека се работи за ТЕЛЕТЕКСТ НА ТЕЛЕВИЗОР.
2. Кај телетекстот, притискање на копчето „+“ кога си на последната страница те носи на ПРВАТА достапна, а притискањето на копчето „-“ кога си на првата страница те носи на ПОСЛЕДНАТА достапна страница.

За оној кој има некакво искуство со телетекст на телевизорот ова се подразбира (ако барате решение да биде природен број, не треба да нагласувате дека не може да биде нула, тоа се подразбира).

Впрочем, мислам дека задачата би била поинтересна ако може менувањето на страници да оди „кружно“, од најмала на назад на најголема и обратно, од најголема на напред на најмала.

И признајте дека сте направиле превид кога сте ја составувале задачата, немојте во стил на "It is not a bug, it is a feature".

This message was edited 1 time. Last update was at 17/01/2012 00:26:52

MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Не можам да признаам дека сум направил превид кога сметал дека не сум направил

Според твојата логика на размислување, може сега да дојде некој и да каже "кај мене кога ќе ги притиснал + и - заедно, ме враќа на страница 100", или "кога држам 5 подолго време, ме носи на 500", или нешто слично и да бара поени за задачата. Не можеме ние да претпоставиме што се опции има во сите можни модели на телевизори (затоа и не пишува во задачата дека се работи за стандарден телевизор, туку цело време се зборува за нешто што не го познаваме - "телевизорот на Трпе"). Пак ќе кажам, доколку во задачата стоеше дека се работи за стандарден телевизор и дека копчињата работат како кај стандарден далечински управувач, ќе кажев "да, сме направиле пропуст". Ама во задачата пишува точно што прават копчињата кај телевизорот на Трпе - "кога ќе стисне на копчето '+', страницата се зголемува за 1" и тоа е тоа.

Еве кажи ми ти што е разликата од оваа задача до сите оние задачи со луѓе, коли, роботи или незнам што кои се движат по одредени куќи, игралишта, лавиринти, итн. Таму пишува "колата може да оди лево, десно, горе и доле". Мојата кола на пример може да оди и дијагонално Ако ти требаат примери на вакви задачи, можам одма да ти дадам 10-тина (од какви сакаш натпревари - национални, меѓународни, ...).

This message was edited 1 time. Last update was at 17/01/2012 16:52:54

PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Ехе, каде замина. Не станува збор за исклучоци туку за правила. Копчињата „+“ и „-“ НЕ СЕ РАСИПАНИ. Кај телетекстот командите "NEXT" и "PREVIOUS" функционираат по round-robin принципот и тоа е стандардно. А ако колата оди дијагонално, најверојатно треба штелување на предницата, ама тоа е исклучок, а не правило.
Не разговараме за исклучоци (притискање на две копчиња истовремено, потопување на далечинското во солена вода и слично), туку за особина на телетекстот која е независна од моделот на телевизорот, далечинското, сопственикот и сл.
BTW ако телевизорот на Трпе не е стандарден, како знаеме дека воопшто има екран? Сметам дека треба да се претпостави дека нештата спомнати во задачата се стандардни во се освен за она за кое експлицитно ќе се наведе дека не е.
И не го сваќај ова лично, ми се чини дека се работи за две интерпретации на еден ист текст и можеме да се убедуваме до бесконечност. (Ама сепак сметам дека јас сум во право )
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Не ми го сфати примерот. Еве ти една стандардна задача од натпревари: имаш кола и таа учествува на рели Дакар. Локацијата каде што се одвива релито е дадено во вид на матрица ('#' се непристапни позиции, '*' се позиции по кои може да возиме). Стигни, со најмал број на чекори, од полето означено со 'S' (стартна позиција) до она означено со 'F' (finish line). Колата може да се движи само горе, доле, лево и десно (гледано во однос на елементите од матрицата). Еве пример:

Во текстот на оваа задача пишува дека колата оди "лево, десно, горе и доле" (што не е баш стандардно). Во страница пишува копчето '+' "го зголемува бројот на страницата за 1". Според мене, и двете задачи се добро дефинирани - кажуваат точно кои потези може да ги правиме.
PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Да, не е стандардно ама е експлицитно нагласено. Ова е многу јасна задача, се бара најкус пат во граф и приказната за колата и релито „Дакар“ е излишна. Дури и не мора да биде кола во примерот, може да се формулира како на пр. глувче во лавиринт, јасно е што се бара.
За задачата со страниците на телетекстот сметам дека требаше да се појасни да ли важи round-robin или не. Барем мене така ми се чини.
Не знам оти не се разбираме. Сметам дека во формулацијата на задачата фали опис на следното:
Што се случува кога сум на страница 99999 и притиснам „+“ или кога сум на страница 1 и притиснам „-“. Можни се два исходи:
а) Телетекстот останува на истата страница, т.е. не се случува ништо
б) Телетекстот преминува од 99999 на 1, односно од 1 на 99999.
Човек кој има некакво искуство со телетекст на телевизор го очекува исходот под б). А во задачата ниту од формулацијата, ниту од примерот не може да се наслути исходот од овие случаи. Затоа НАЈДОБРОНАМЕРНО ви обрнав внимание, не ми беше целта некого да го навредувам или омаловажувам.
Крај.

This message was edited 1 time. Last update was at 18/01/2012 09:49:51

MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Има и трета опција - да се зголеми бројот на страницата за 1, т.е. да се следи она што е дадено во текстот на задачата. Таму нема ограничување за бројот на страници, туку само за страницата до која сака да дојде Трпе (100 <= P <= 99999).

А Трпе нема да оди над X ако X >= P, бидејќи смета дека копчињата '+' и '-' работат така што го зголемуваат/намалуваат бројот на страницата за 1 (како што пишува во текстот на задачата). Кога ќе сака да дојде од 99999 до 40000, ќе стисне на копчето '-' 59999 пати.

И во право си, нема шанси да се согласиме за ова.

This message was edited 3 times. Last update was at 18/01/2012 18:56:11

PapaZone



Joined: 04/04/2011 11:24:06
Messages: 18
Offline

Се согласувам дека нема да се согласиме за ова.

This message was edited 1 time. Last update was at 20/01/2012 13:51:35

 
Forum Index » Други задачи
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team