Не ги видов сите твои обиди да ја решиш задачата, ама забелешките што ги имам за твоето последно испратено решение се:
1. Кога решаваш задачи на МЕНДО (и на било кој друг сличен систем), ограничувањата што се дадени во текстот на задачата нема потреба да ги проверуваш:
2. Една од променливите (zbor) не ти содржи никаква вредност (нејзината вредност е недефинирана, може да биде било што) кога програмата треба да отпечати "strana". Додели и било каква вредност различна од 'a' и 'b' при декларацијата (на пример char zbor = 's') и програмата ти работи на сите тест примери. Прочитај го првиот одговор на ова прашање: http://stackoverflow.com/questions/1597405/what-happens-to-a-declared-uninitialized-variable-in-c-does-it-have-a-value
This message was edited 1 time. Last update was at 23/02/2012 23:36:20
|