Ги подредуваш програмите според времето на извршување - програмата која има најдолго време на извршување [Ei] ќе ја подготвиш прва, потоа онаа со второ најдолго време на извршување, итн. За секоја програма, откога ќе се подготви, веднаш ја ставаш да се извршува - бидејќи МЕНДО има 1000000000 сервери на кои може да се извршуваат програми .
VasilK wrote:
баш мислев на тоа решение али не успеав да го докажам и искуцав brute force место него..
Одма откако ќе завршиш со подготвување на некоја задача ја ставаш да се извршува на еден од безбројните сервери на Мендо.
Без разлика како ќе ги подредиш, времето на подготвување секогаш ќе ти биде исто. Логички е дека за да завршиш колку што е можно пократко, последна ќе ја оставиш програмата со најмало време на извршување. Тоа лесно се докажува.
Сега знаеш која ти е последната програма. Можеш да ја елиминираш неа, и ти останува истата задача со n-1 програми. Повтори го истото дури имаш програми.