Author |
Message |
10/05/2012 22:30:00
|
metotra
Joined: 04/03/2012 20:30:28
Messages: 8
Offline
|
Како што знаете 16 души добивме стипендии за ФИНКИ. И сега сакам да знам, доколку се запишувам на ФИНКИ и немам добри оцени, дали co тоа што имам стипендија сум автоматски влезен во државна квота? И на пример ако не успеам да го одржам просекот во прва година 9.00, дали во втора година ќе плаќам колку што изнесува државната квота 200 евра или ќе плаќам 400 евра? Значи да ги соединам овие повеќе прашања во едно, дали оцените од средо училиште ќе имаат влијание при запишувањето на ФИНКИ? Се потрудив да изгледа што поразбирливо, и ќе бидам благодарен доколку ми одговорите што побрзо можете.
|
|
|
10/05/2012 22:37:46
|
bangelkoski
Joined: 05/03/2011 12:15:19
Messages: 28
Location: Вруток
Offline
|
Другаре/Другарке мислам дека прашањево ти е за на ФИНКИ, не за на Mendo
|
|
|
10/05/2012 22:46:09
|
metotra
Joined: 04/03/2012 20:30:28
Messages: 8
Offline
|
bangelkoski wrote:Другаре/Другарке мислам дека прашањево ти е за на ФИНКИ, не за на Mendo
Вака сега, стипендиите ги добивме преку државниот натпревар кој се одвиваше преку МЕНДО, јас мислам дека прашањево е за тука. А има уште 15 души кои добиле стипендии, и прашањево се однесува за нив доколку тие знаат, и плус има постари членови на на Мендо кој веројатно знаат, така да би бил благодарен ако некој ми каже.
|
|
|
11/05/2012 04:47:26
|
obi1kenobi
Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline
|
Не знам дали стипендијата е поврзана со просекот, ама ако си доволно добар да добиеш стипендија од натпреваров, чисто се сомневам дека ако вистински се трудиш би имал проблеми да одржиш просек 9.00.
|
|
|
|