Мислам дека не е правилно да се објавува код овде на задача која се наоѓа во тренинг делот, тоа е пракса на сите online judges.
Можам само малку да помогнам. Во секој случај решението е со динамичко програмирање. До секоја позиција се проверува бројот на комбинации и така се изминува цела низа од знаци. Да дефинираме, opt[i] ни претставува број на комбинации до одреден карактер (вклучувајќи го и тој карактер), а m[i] ни е i-тиот член (карактер) на влезната низа.
Да ја разгледаме позицијата i.
Ако стрингот од два карактери m[i-1]+m[i] претставува валиден број од 1 до 26 тогаш opt[i] += opt[i-2]. Тој број може да биде составен и само од една цифра... Ова е hint. Се надевам ќе ти помогне да ја сфатиш логиката.
Поздрав