divio wrote:Moze pomos okolu zadaca Patuvanje?
Blagodaram!
Во задачата се бара "низ колку најмалку патишта треба да се помине ...". Тој проблем, стандардно, се решава со BFS, нешто слично како наоѓање пат во лавиринт.
Во однос на тоа дека постојат тројки од населени места кои не треба да се посетат по ред, замисли дека имаш матрица d[x][y], која ќе ти чува колку најмалку патишта треба да се поминат за да се стигне до y, а последниот додаден пат е оној од x до y. Сега, кога разгледуваш можни движења од "y" па натаму, знаеш дека не смееш да се придвижиш до населено место z, доколку постои забранета тројка (x, y, z).