MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
За наједноставно решавање, основната идеја која што треба да се забележи е дека е доволно да се знае само што се случува од левата страна (на пример, ако решиме да решаваме гледајќи ги коцките од лево на десно).
На пример, нека имаме ситуација каде што имаме P = [10, 10, 10, 10] и K = [15, 15, 5, 15]. Тука, може да видиме дека треба да додадеме пет коцки на најлевата кула. Потоа, ја разгледуваме следната кула. И таму треба да додадеме точно пет коцки, па си велиме дека наместо посебно да додаваме тука (и знаејќи дека претходно исто сме додале пет), дека можеме истите да ги третираме како една група и со истите наредби да ги решиме и двете. Е сега, доаѓаме до следната кула, и таму всушност треба да одземеме пет коцки - во ваков случај, не можеме да ги искористиме наредбите од претходно (таму додававме коцки, тука треба да одземаме), па почнуваме нова група. Слично продолжуваме и натаму.
Забележи дека нема логика да додадеме по пет коцки на сите кули (сите да ги направиме "15"), а потоа да одземаме за третата кула, бидејќи во тој случај за нејзе ќе треба да искористиме 10 наредби (наместо 5) за вадење на коцка, со што не би добиле ништо.
|