Perez wrote:http://prntscr.com/ilfg9x
Нели gnu gcc 5.4.0 или сега најновиот 7.2 ќе се ставаат
Па, што се однесува до МЕНДО, поставување на нова верзија се прави за буквално 2 минути (инсталација + менување една PATH вредност).
Причините поради кои не се менува верзијата често е што голем број натпреварувачи имаат различна верзија, и сеуште немаме информации во кои све училишта/факултет/региони ќе биде регионалниот (други настани), со цел да се смисли што е најдобро решение.
Генерално, во верзијата која што е на МЕНДО се поддржани скоро сите покорисни C++11 функционалности (така да повеќето натпреварувачи не приметуваат разлика). Ќе повторам, главен проблем е што немаме сите иста верзија на околини/компајлери (всушност, повеќето училишта имаат постари верзии на Code::Blocks, gcc, итн), и таму е потешко да се направат промени бидејќи треба да се направат на голем број компјутери. (Искрено, за инсталации во училиштата веројатно одлучуваат директорите/наставниците, така да не би знаел колку се заинтересирани за ова)
This message was edited 1 time. Last update was at 01/03/2018 16:47:38
|